Дома Трансфер зона Наполи му ја отвори излезната врата: Кулибали е на продажба!

Наполи му ја отвори излезната врата: Кулибали е на продажба!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис почна да размислува за продажба на Калиду Кулибали.

Кулибали е на мета на многу европски гиганти, а самиот Де Лаурентис призна дека „секоја приказна има свој крај“.

Овие вести ги израдуваа премирелигашите, односно Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Челзи кои бараат засилувања во одбраната, а Кулибали би можел да биде вистинско решение за нив.

„Граѓаните“ платија 40 милиони фунти за Нејтан Аке од Бормут, но и покрај тоа, Пеп Гвардиола планира да троши пари за да ја засили одбраната, а токму Кулибали може да му донесе стабилност во тимот.

Останува да видиме кој ќе ја добие битката за искусниот дефанзивец и колку пари ќе заработи Наполи за неговиот потпис.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Короната спречила спектакуларен трансфер на Роналдо ова лето?

Кристиано Роналдо пред две години одлучи да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувенту…