Дома Тенис Надал отпатува за Лондон, но неговиот настап е неизвесен

Надал отпатува за Лондон, но неговиот настап е неизвесен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал отпатува во Лондон на завршниот турнир, но неговиот настап на турнирот се уште е неизвесен.

Надал го предаде без борба мечот од полуфиналето во Париз против Шаповалов, поради болки во стомачните мускули.

Шпанецот ќе тренира во четврток и петок со акцент на сервисот, а неговиот тим се надева дека ќе може да заигра на турнирот.

Доколку тоа не се случи, тогаш на негово место ќе настапи деветтиот тенисер во светот, Роберто Баутиста Агут.

Да потсетиме, завршниот турнир во Лондон ќе се игра од 10 до 17 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Митевска осма во олимпиското младинско финале на 100 метри во Дакар

Ева Митевска стигна меѓу деветте финалистки на Младинските олимписки игри и заврши на осма…