Дома Фудбал Репрезентации Нагелсман стана најмладиот германски селектор во историјата, потпиша договор на девет месеци

Нагелсман стана најмладиот германски селектор во историјата, потпиша договор на девет месеци

Јулијан Нагелсман и официјално стана нов селектор на германската репрезентација.

Нагелсман потпиша договор на само девет месеци и ќе ја предводи Германија на следното Европско првенство во 2024 година на кое ќе бидат домаќини.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот германски стратег беше едногласно избран и доаѓа на кормилото како наследник на Ханси Флик.

„Не чека Европско првенство на кое ќе бидеме домаќини. Тоа е многу важен и редок настан за нашата земја. Имам голема желба да се покажам во овој предизвик. Очекувам да бидеме компактна група следната година“, изјави Нагелсман.

Со своите 36 години, Нагелсман стана најмладиот селектор во историјата на германската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…