Дома Фудбал Нагелсман: Ситуацијата со Левандовски е јасна, сметам на него за следната сезона

Нагелсман: Ситуацијата со Левандовски е јасна, сметам на него за следната сезона

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е во центарот на вниманието откако „Билд“ објави дека одбил да го продолжи договорот.

Се погласни се шпекулациите дека 33-годишниот голгетер на лето ќе го напушти клубот и дека Баерн се согласил да го продаде.

Меѓутоа, тренерот Нагелсман вели дека ќе смета на Левандовски и следната сезона.

 „Роберт тренира многу добро во последните два дена, а исто така постигна неколку добри голови на тренинзите. Тој утре ќе биде стартер. Што се однесува до иднината, позицијата на клубот е позната, мојот став е познат и ситуацијата со договорот е позната, до 31 јуни 2023 година. За ова прашање нема да коментирам ништо друго. Можете да контактирате со раководството на клубот или да го прашате Роберт“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…