Дома Фудбал Останато Нагелсман: Нема потреба од споредба со Меси и Роналдо, Левандовски е најдобриот во светот

Нагелсман: Нема потреба од споредба со Меси и Роналдо, Левандовски е најдобриот во светот

Tренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман не штедеше пофални зборови за својот напаѓач Роберт Левандовски после мечот со Бенфика.

Полскиот голгетер постигна хет-трик и ја продолжи голгетерската серија. Поради добрата форма Левандовски е и еден од фаворитите за Златната топка.

„Нема потреба од споредба со Роналдо и Меси. Левандовски во овој момент е најдобриот напаѓач на светот и така ќе биде уште неколку сезони затоа што има одлична градба и однос каков што треба да има секој спортист. Голема предност за Левандовски е неговиот карактер, во овој момент е најдобриот во светот“, изјави Нагелсман.

Победникот во изборот за „Златната топка“ ќе биде познат на 29. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Додека игра на Африкански Куп испратил двојник да му полага испит на универзитет

Интересна приказна ни доаѓа од Африканскиот Куп на нации, а во центарот на вниманието е ег…