Дома Фудбал Нагелсман бараше од голманот на Германија да глуми повреда 🎥

Нагелсман бараше од голманот на Германија да глуми повреда 🎥

Репрезентацијата на Германија која ќе биде домаќи нна Европското првенство наредното лето игра во катастрофална форма и тоа ја загрижува јавноста.

Дека ситуацијата не е сјајна говори и потегот кој го направи селекторот Јулијан Нагелсман во пријателскиот натпревар против Австрија која славеше во тој дуел со 2:0.

Нагелсман во еден момент побара од својот голман Кевин Трап да глуми повреда. Чуварот на мрежата можеби имаше мали проблеми, но во моментите кога беше спремен да ја продолжи играта Нагелсман му даде инструкции неко време да глуми повреда.

Тоа кратко време Нагелсман го искористи да поразговара со своите играчи, како еден вид „тајм-аут“, меѓутоа не им помогна многу затоа што го загубија натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…