Дома Фудбал Англија Навивач на Манчестер Сити го нападна голманот на Астон Вила 🎥

Навивач на Манчестер Сити го нападна голманот на Астон Вила 🎥

Астон Вила вчера имаше шанса да му помогне на Ливерпул да ја освои титулата во Англија со реми или победа против Манчестер Сити. Добро им одеше имаа предност од 0:2 до 78. минута, а тогаш Сити во пет минути направи пресврт со кој дојде до титулата.

По натпреварот, како и што се очекуваше навивачите на Сити влегоа на теренот да го прослават шампионскиот трофеј, а во таа ситуација бил нападнат и голманот на Астон Вила, Робин Олсен.

И Џерард после натпреварот беше запрашан дали безбедно влегле во соблекувалната.

“Не. Нашиот голман беше нападнат“, кратко одговори Џерард.

Сити брзо се извини, ветувајќи дека ќе го идентификува навивачот и ќе му изрече забрана да доаѓа на стадионот, додека полицијата исто така го истражува случајот.

Во соопштението на клубот стои:

„Манчестер Сити сака искрено да му се извини на голманот на Астон Вила, Робин Олсен, кој беше нападнат по последниот свиреж на денешниот натпревар кога навивачите влегоа на теренот. Клубот започна итна истрага и по идентификацијата виновникотќе добие забрана за влегување на стадионот“.

По натпреварот, самиот Олсен се огласи на Инстаграм.

„Оние идиоти кои ме нападнаа нема да ми ги уништат емоциите од денешниот натпревар. Добив можност да дебитирам за овој фантастичен клуб, а бевме блиску до добар резултат против тежок противник“, напиша Олсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…