Дома Фудбал Навивачот кој вчера влезе на терен бил фудбалер кој играше во Конференциската лига

Навивачот кој вчера влезе на терен бил фудбалер кој играше во Конференциската лига

Во вчерашниот натпревар помеѓу Португалија и Уругвај внимание привлече прекинот во 51. минута кога на теренот втрча навивач со ЛГБТ знаме, но и маица со која испрати порака за „спас на Украина“, но и бараше правда за жените во Иран.

Денес е објавено дека станува збор за италијански фудбалер по име Марио Фери (35). Интересно е што тој играше во Конференциската лига.

Во овој момент тој настапува за нисколигашот Кастел Ди Сангера, но на почетокот на оваа сезона играше за Тре Фиори од Сан Марино и со оваа екипа стигна до квалификациите за Конференциската лига каде што доживеаа елиминација од Фола Еш од Луксембург.

Треба да се знае дека ова не е првпат да прекине натпревар, истрча на теренот и пред 12 години на Мундијалот во Јужна Африка во полуфиналето помеѓу Германија и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…