Дома Фудбал Италија Навивачите на Јувентус со порака до Манџукиќ: Ќе не боли да те гледаме како противник

Навивачите на Јувентус со порака до Манџукиќ: Ќе не боли да те гледаме како противник

Oна што во изминатите денови се шпекулираше денес доби и официјална потврда – Марио Манџукиќ е нов играч на Милан.

Манџукиќ во Италија претходно четири ипол години го носеше дресот на Јувентус и за тој период остави длабока трага во срцата на навивачите на Јувентус. Денес кога неговиот трансфер во Милан се официјализираше се огласија фановите на „старата дама“ и испратија специјална порака за нивниот миленик.

„Марионе секогаш ќе бидеш во нашите срца поради она што го направи, поради твојата предност и посебниот однос кој го имаше со сите нас. Те сакавме поради борбеноста која ја прикажуваше во секој натпревар. Те сакавме поради стравот кој го предизвикуваше кај секој противник. Долга е листата за работи поради кои те сааме, но навистина сакавме еден таков играч. Меѓутоа, Марионе идните шест месеци ќе бидеш играч на Милан. Ти си професионалец и сакаше да се вратиш во Италија. Не те осудуваме што потпишуваш за нашиот ривал, но нас ќе не боли да те гледаме како противник на теренот и мислиме дека ќе те боли и тебе. Драг Марионе, ти посакуваме се најдобро во овие шест месеци и да ги поминеш во најдобро расположение, но без победи. Твоите навивачи на Јувентус“, стои во пораката.

Манџукиќ не можеже да не реагира и се заблагодари на оваа порака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Галијани позитивен на коронавирус

Aдријано Галијани, 76 годишниот директор на второлигашот Монца е заразен со коронавирус. С…