Дома Трансфер зона Навивачите на Челзи вчера му се радуваа на Ковачиќ, а веќе денес се разочарани

Навивачите на Челзи вчера му се радуваа на Ковачиќ, а веќе денес се разочарани

0
kovacic

Tимот на Челзи вчера го претстави големото летно засилување – Матео Ковачиќ.

Ковачиќ пристигнува од Реал Мадрид на позајмица како дел од договорот со Тибо Куртоа кој замина во спротивен правец.

Сепак, навивачите на Челзи не се задоволни откако разбраа дека во договорот за позајмица недостасува најважната клазула. Како што дознава „Тајмс“ во договорот помеѓу Реал Мадрид и Челзи не постои клазула според која „сините“ можат да го откупат по истекот позајмицата.

Значи, тој се уште е играч на Реал Мадрид и „кралевите“ имаат целосно право на него и после оваа сезона, без оглед на тоа дали тој ќе одигра одлична сезона во Челзи. Тоа сигурно нема да биде добро за „сините“ ако Ковачиќ ги исполни очекувањата.


Следете го Sportski.mk и на


Нема договорено сума за негов откуп, па Реал се ќе држи во свои раце и ако Ковачиќ одигра добра сезона може да го врати во Мадрид.

Поради ваквата ситуација многумина сметаат дека во оваа зделка Реал е тој кој поминал многу подобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса ја одреди цената за Дембеле: Има ли кој да ја плати бараната сума?

Иако во текот на денот се појави вест дека Барселона после погодокот во Суперпкупот против…