Дома Фудбал Навивачите на Сити со коментар за желбата на Пеп: Не само него!

Навивачите на Сити со коментар за желбата на Пеп: Не само него!

Дани Алвеш по триумфот на Копа Америка се врати во Европа и наводно размислува за две понуди.

Најторфејниот играч на сите времиња се поврзува со поранешниот клуб, Барселона, но и со поранешниот тренер Пеп Гвардиола. Сити бара десен бек и понатаму нема договор со Јувентус околу Кансело, Италијанците се цврсти во намерата да го продадат Португалецот за 60 милиони, а во трка е и Баерн кој изгледа е спремен да ја плати таа сума.

Поради тоа Пеп би можел да се сврти кон Алвеш, но навивачите на Манчестер Сити сметаат дека тоа би бил погрешен потег и удар на достоинството на клубот. Потсетуваме, кога си замина од Јувентус, Алвеш договори трансфер во Манчестер Сити, а потоа за еден ден се предомисли и заедно со Нејмар заврши во ПСЖ.

Дали тоа ќе одлучи Сити да не испрати понуда, останува да видиме…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од седум гола до осум меча суша: Торес заглави во ПСЖ

Феран Торес блесна на почетокот во Париз, но голгетерскиот ритам целосно исчезна. Неговите…