Дома Фудбал Останато Навивачите на Ајакс не можат да веруваат колку малку влезници добија за натпреварот против Челзи

Навивачите на Ајакс не можат да веруваат колку малку влезници добија за натпреварот против Челзи

Ајакс оваа сезона повторно ќе игра во Лигата на Шампионите откако што групната фаза ја обезбеди преку квалификациите.

Холандскиот тим минатата сезона имаше одичен успех, стигна до полуфиналето, а малку недостасуваше да се најде и во финалето, но Тотенхем на крајот сепак го завзеде своето место. Оваа сезона Ајакс во групата ќе игра против Челзи, Валенсија и Лил, а првиот натпревар го игра следната недела против францускиот претставник.

Во 5. коло Холанѓаните ќе одат на гостување против Челзи, а изгледа на тој натпревар нема да имаат голема поддршка од своите навивачи. Имено, иако во овие натрпевари бројот на карти за гостинските навивачи претежно надминува 2,000, англискиот клуб одлучи да испрати само 833 карти на Ајакс за нивните навивачи.

Ова англискиот клуб го образложи со објаснение дека навивачите на Ајакс се познати по тоа што прават немири низ цела Европа, а особено во Велика Британија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Невидена ситуација до сега: Бараат место во Ла Лига зошто им заминал најдобриот стрелец

Екипата на Реал Сарагоса испрати скоро неверојатно барање до Фудбалскиот сојуз на Шпанија.…