Дома Фудбал Навивачите на Атлетико со парола до Гризман: Сакаше да направиш име од себе, но…

Навивачите на Атлетико со парола до Гризман: Сакаше да направиш име од себе, но…

Барселона синоќа во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. а јунак повторно беше Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб успеа да ги освои трите бода, а натпреварот го реши Лионел Меси кој единствениот гол го постигна во 86. минута. Сепак, во центарот на вниманието синоќа беше Антоан Гризман кој се врати на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Гризман летово пристигна во Барселона од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра. Овој потег никогаш нема да биде простен од навивачите на клубот од Мадрид, без оглед на тоа што тој направи за Атлетико.

Францускиот репрезентативец добиваше жестоки свирежи секогаш кога ќе ја примеше топката, а навивачите му посветија и интересна парола.

„Сакаше да направиш име од себе, но заборави да бидеш човек.“ – му порачаа навивачите на Атлетико на својот довчерашен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име в…