Дома Трансфер зона Му пропадна трансферот во Јувентус: Џеко се сели во Шпанија

Му пропадна трансферот во Јувентус: Џеко се сели во Шпанија

Босанскиот напаѓач Един Џеко веќе беше виден како нов играч на Јувентус, но на крајот место него во Торино заврши Алваро Мората.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Џеко имаше се договорено со Јувентус, а се постигна и договор помеѓу Јувентус и Рома трансферот на Џеко пропадна. „Волчицата“ имаше проблеми да го комплетира трансферот на Милик, па Јувентус се сврте кон Мората.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Џеко нема да остане во Рома и сигурно ќе го напушти „Олимпико“ до крајот на преодниот рок.

Сега во пол позиција за неговиот потпис е Атлетико Мадрид, кој го продаде Мората, но има потешкотии да го реализира трансферот на Луис Суарез.

„Јорганџиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Босанецот и се очекува брзо двете страни да стигнат до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…