Дома Фудбал Му најдоа наследник на Чави! Поранешниот тренер на Баерн пристигнува на клупата на Барселона

Му најдоа наследник на Чави! Поранешниот тренер на Баерн пристигнува на клупата на Барселона

Поранешниот тренер на Баерн Минхен и германската репрезентација Ханси Флик (58) е најсериозен кандидат за клупата на Барселона, објави угледниот весник „Билд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само 24 часа откако актуелниот тренер на Каталонците, Чави Ернандез објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Камп Ноу, почнаа шпекулациите за тоа кој ќе седне на клупата на славниот клуб.

Челниците на Барселона веруваа дека Јирген Клоп, кој исто така неодамна најави заминување од Ливерпул, може да биде идеалното решение за нивниот тим.

Сепак, бидејќи германскиот стручњак објави дека сака да одмори една сезона, претседателот на Каталонците, Лапорта се сврте кон друг германски тренер.

Првиот човек на Барселона сака да го искористи тоа што Флик е долго време слободен, бидејќи не е ангажиран од септември минатата година, кога по бројните неуспеси беше отпуштен од селекторската функција на германската репрезентација.

Германскиот стручњак претходно две сезони со голем успех раководеше со Баерн Минхен. Со Баварците освои вкупно седум трофеи и тоа две Бундеслиги, Купот на Германија, Лигата на шампионите, Суперкупот на Германија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Интересно, под водство на Флик, Баерн и го нанесе на Барселона еден од најтешките порази во историјата на Лигата на шампионите, кога во сезоната 2019/20 ја демолираа во четврт-финалето со резултат 8:2.

Покрај Флик, како можни наследници на Чави во Барселона се споменуваат Тиаго Мота и Рафа Маркез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома одби 50 милиони од Челси за Свилар

Раководството на Рома го отфрлило предлогот во износ од 50 милиони евра од Челси за голман…