Дома Фудбал Останато Мурињо ќе го сонува Орсиќ: Динамо приреди сензација во Загреб!

Мурињо ќе го сонува Орсиќ: Динамо приреди сензација во Загреб!

Тотенхем вечерва си дозволи нешто што Мурињо сигурно ќе го налути.

Англискиот гигант допатува во Загреб со навидум сигурна предност од 2:0 во првиот натпревар. Но во тимот на нашите Адеми и Ристовски не мислеа така.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Првите 45 минути завршија без голови 0:0, а во второто Динамо успеа да постигне два гола и да ја анулира победата на Тотенхем од првиот натпревар. Херој за хрватскиот тим беше Орсиќ кој ги постигна двата гола. Прво во 62. минута со еден мајсторски удар постигна убав гол со кој го отвори резултатот. Студениот туш за Мурињо дојде во 83. минута.

Своето шоу Орсиќ го продолжи и во продолженија. Во 106. минута после една соло акција упати удар и го постигна својот трет гол на натпреварот. Дефинитивно неговата цена по овој натпревар нема да биде иста, а Мурињо сигурно ќе има што да им каже на своите играчи кои успеаа да прокоцкаат голема предност.

Ристовски на теренот беше до 90. минута кога го замени Стојановиќ, додека Адеми oстана и во продолженијата се до 118. минута кога Периќ влезе на негово место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…