Дома Фудбал Англија Мурињо ќе ги одмара првотимците, Керик за последен пат капитен на „Олд Трафорд“

Мурињо ќе ги одмара првотимците, Керик за последен пат капитен на „Олд Трафорд“

mourinho

„Специјалниот“ со ваквиот потег покажа дека сите сили ќе ги насочи кон финалето од ФА Купот кое неговиот тим го игра следниот викенд.

Жозе Мурињо потврди дека во последното коло од Премиер лигата ќе игра со играчи кои оваа сезона не беа во прв план.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во минатото коло против Вест Хем одигра 0:0 и така ја потврди втората позиција, па Мурињо може да си дозволи да одмори некои од клучните играчи пред финалето од ФА Купот наредниот викенд каде што ги чека Челзи.

Ромеро ќе брани во недела, тоа тој го заслужува, а одредени играчи ќе добијат одмор. Пред нас е финалето од ФА Купот наредиот викенд. Нормално е Мајкл Керик да ја предводи екипата како капитен на „Олд Трафорд“ за последен пат“.

Де Геа ќе добие одмор, Рашфорд и Марсијал одмараа, а покрај нив ќе играат уште Блин, Бејли и Хуан Мата. Не можам да сметам само на Лукаку и Фелаини“, изјави Мурињо.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Вотфорд се игра во недела со почеток во 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…