Дома Фудбал Англија Мурињо ја доби битката со Гвардиола, Тотенхем го симна Челзи од врвот!

Мурињо ја доби битката со Гвардиола, Тотенхем го симна Челзи од врвот!

Тотенхем и Мурињо денес во дербито со Сити уште еднаш покажаа дека сезонава веројатно ќе бидат кандидат за титулата во Премиер лигата.

„Петлите“ одиграа добар натпревар и ги совладаа „граѓаните“ со 2:0. Натпреварот беше отворен рано уште во 5. минута од мечот, а стрелец беше Сон Хеунг Мин. Мрежата на Лорис се затресе после нешто помалку од половина час игра, погоди Лапорт. Сепак, овој гол беше поништен поради офсајд.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со водство од 1:0 Тотенхем замина на полувреме.

Во второто полувреме Манчестер Сити повторно имаше иницијатива, меѓутоа големи шанси скоро и да немаа. Конечните 2:0 го постави Џовани Ло Селсо после одличната асистенција од Хари Кејн.

После овој триумф Тотенхем ќе го симне од врвот Челзи и ќе остане таму барем до натпреварот помеѓу Лестер и Ливерпул кој се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…