Дома Фудбал Останато Мурињо: Треба да бидам рационален при изборот на нов клуб!

Мурињо: Треба да бидам рационален при изборот на нов клуб!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно зборуваше за својата иднина, која се уште е нејасна после отказот во Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Специјалниот“ истакна дека сака внимателно да го избере својот нов клуб и смета дека треба да биде рационален при изборот.

„Единствено што знам е дека не можам да бидам емоционален во донесувањето на одлука. Морам да бидам рационален. Нема потреба да одбирам нова средина само затоа што сакам да работам. Не сум очаен за да сакам да работам каде било. Ќе го изберам следниот клуб доколку видам дека е вистински мотивирачки проект за мене“, изјави Мурињо.

„Сакам да се вратам посилен од било кога. Учам многу и напорно работам на себе за да бидам подготвен да се вратам на највисоко ниво“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го плати 60 милиони евра: Сега повторно остана без клуб на 31 година

Фудбалските проблеми на Ентони Марсијал (30) достигнаа ново ниво откако францускиот напаѓа…