Ќе соработуваат ли Каталонците со Португалецот…
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот, Андре Гомеш, не се снајде во Каталонија во својата прва сезона и се очекува тој да го напушти шпанскиот гигант до крајот на сезоната.
Ракитиќ добиваше предност пред Гомеш, но во еден момент од сезоната Португалецот почна да добива шанса, но тоа не му се допадна на Лионел Меси, после што и дефинитивно го изгуби местото во тимот.
Колкави се шансите да замине?
Велверде, наводно смета на него, но се појави Манчестер Јунајтед. Јасна е врската со Жорге Мендеш, токму Андре Гомеш беше првиот играч кој познатиот менаџер после многу време и го продаде на Барселона.
Сега би можел да го довде кај Мурињо, иако многумина сметаат дека после Немања Матиќ на Манчестер Јунајтед не му е потребен уште еден играч од средината. Како и да е, доколку се случи Гомеш да замине јасно е дека тоа ќе биде за голема сума, Каталонците ќе се обидат да вратат барем дел од вложеното во Португалецот.
