Дома Фудбал Англија Мурињо сака да остане во Англија, му останува само една опција

Мурињо сака да остане во Англија, му останува само една опција

Жозе Мурињо сака да стане првиот менаџер кој освоил значајни титули со три различни клубови од Премиер лигата.

Според англиските медиуми тоа е основната причина поради која Португалецот се уште не се враќа на тренерската работа.

Имено, „Специјалниот“ чека понуда од Премиер лигата бидејќи сака да биде блиску до неговото семејство кое живее во Лондон.

Откако не ја доби работата во Арсенал, сега единствена опција за Мурињо останува Тотенхем. „Спарси“ лошо ја отворија сезоната па раководсвото размислува за смена на Покетино.

Мурињо веќе одби неколку понуди за работа во последните 10 месеци, бидејќи смета дека не се пропорционални на неговите амбиции.

Мурињо чека понуда од Премиер лигата и само евентуално враќање во Реал Мадрид може да го натера да го напушти Островот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо: Реал Мадрид? Може, но не сега

Кристиано Роналдо летото 2018 година во трансфер вреден 100 милиони евра премина од Реал М…