Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мурињо: Роналдо е суперемен, но тешко ќе биде да игра и во Катар

Мурињо: Роналдо е суперемен, но тешко ќе биде да игра и во Катар

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека малку веројатно е Роналдо да игра на Мундијалот во Катар, но потенцираше и дека тој е суперемен и дека никогаш не се знае.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мурињо зборуваше за најдобрите двајца играчи во светот Меси и Роналдо за кои кажа дека веројатно го играат последниот Мундијал.

„До сега играа неверојатно за клубовите, но исто така се тридат и за својата држава да дадат се од себе. Мислам дека двајцата во Русија го играат нивниот последен Мундијал“, изјави Мурињо.

Роналдо наполни 33 години во фервруари, додека Меси за неколку дена ќе има 31 година.

„Од физичка гледна точка, Роналдо е супермен. Тој може да игра во Катар за четири години доколку сака, но четири години на највисоко ниво и потоа повторно да заигра на Мундиајл изгледа тешко остварливо“, изјави Жозе кој потоа зборуваше за Меси.

„Меси е помалд и би можел да зиагра за Аргентина за четири години. Но исто мислам дека нема да му биде лесно. Двајцата ќе дадат се од себе на овој Мундијал бидејќи тоа е единствениот трофеј кој им недостасува“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …