Дома Топ вести Мурињо проговори за Санчез и предизвика БУРА на Островот!

Мурињо проговори за Санчез и предизвика БУРА на Островот!

0

Вчера англиските медиуми пренесоа дека Манчестер Јунајтед се вклучил во траката за потписот на ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез.

Веќе денес некои медиуми пренесоа дека Чилеанецот ги договорил условите со „црвените ѓаволи“ и дека би можел да се пресели во црвениот дел од Манчестер (ОВДЕ).

На денешната пресконференција се огласи и Мурињо и со својата изјава само дополнително ги подгреа шпекулациите.

„Мислам дека не е коректно да зборуваме за играчи од други клубови. Санчез е играч на Арсенал и мислам дека не е коректно да зборувам за него“.

„Иако раководството на Манчестер Јунајтед не верува многу во јануарскиот преоден рок, сепак постојат играчи кои мора да се обидете да ги доведете доколку ви се укаже прилика. Се што можам да кажам е дека Санчез е феноменален играч, но е играч на Арсенал. Не можам да кажам ништо повеќе од тоа“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти купува од ПСЖ: Наполи не сака да биде во сенка на Јувентус

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти сака во наредната сезона да има тим кој ќе биде ра…