Дома Фудбал Англија Мурињо: Не ми е гајле што кажал Погба

Мурињо: Не ми е гајле што кажал Погба

На Жозе Мурињо не му оди баш најдобро во Тотенхем, а таа прилика ја искористи Погба кој испрати за неговиот поранешен тренер.

„Тоа што го имам сега со Оле е поинакво, тој не би отишол против фудбалерите. Можеби Оле нема да го одбере фудбалерот, но не го става на страна како тој да не постои веќе. Тоа е разликата меѓу Мурињо и Оле. Кога имав добар однос со Мурињо, сите го гледаа тоа, но следниот ден работите се менуваа. Тоа е чудна работа која ја имав со Мурињо, не можам да ви објаснам што точно беше проблемот бидејќи дури ни јас не знам“, гласеше изјавата на Французинот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По таа изјава на Погба новинарите ги интересираше што има да каже Мурињо на тој коментар на Погба.

„Искрено, не ми е гајле што кажал Погба, не сум заинтересиран да зборувам на оваа тема. Тоа е се што имам кажам“, одговори Мурињо за „Скај Спорт“ по вчерашното реми на Тотенхем против Евертон (2:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се прости од Жота: Срцето ми е скршено

Јирген Клоп и Диого Жота поминаа четири години заедно на Анфилд, споделувајќи многу успеси…