Дома Фудбал Мурињо: Не ме интересира селекторската работа

Мурињо: Не ме интересира селекторската работа

Португалецот Жозе Мурињо е без ангажман откако на крајот од минатата година доби отказ од Манчестер Јунајтед.

Епизодата на Олд Трафорд не беше многу успешна за португалскиот стратег, на кој во декември му беше врачен отказ, но и покрај тоа за „Специјалниот“ интересот е огромен, се повеќе клубови се поврзуваат со него.

Сепак, Мурињо за странските медиуми изјави дека нема да брза, дека понудата која ќе ја дојде мора да биде ‘вистинска’, а за сега единствено е познато дека не го интересира селекторската работа.

„Да бидеш селектор е нешто специфично. Јас сакам секојдневна работа, многу натпреварувања и натпревари. Сакам да останам на клубската сцена.“ – порача Мурињо.

Исто така, Мурињо откри дека веќе одбил три-четири понуди и дека на тренерската работа планира да се врати ова лето.

Да потсетиме, Мурињо до сега покрај Јунајтед го водеше Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Бенфика. Во сите лиги ги освои трофеите.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сари за Лацио повика играч кој 993 дена не бил во составот на Јувентус

Хрватскиот офанзивец никако не успева да се наметне во Јувентус. Доаѓањето на Марко Пјаца …