Дома Фудбал Останато Мурињо: Марсијал испраќаше чудни фотографии на мојата ќерка

Мурињо: Марсијал испраќаше чудни фотографии на мојата ќерка

Aнтони Марсијал пред неколку години не го криеше задоволството кога Жозе Мурињо го напушти Манчестер Јунајтед затоа што не се наигра додека португалскиот стратег беше тренер на овој тим.

Марсијал во Манчестер Јунајтед пристигна летото 2015 година кога имаше само 20 години. Францускиот напаѓач дојде од Монако за 60 милиони евра и од него на „Олд Трафорд“ се очекуваше многу повеќе.

Во еден период додека Мурињо беше тренер, Марсијал беше далеку од првиот тим. На многумина не им беше јасно зошто Мурињо има проблем со францускиот напаѓач. Сега, неколку години подоцна Мурињо конечно го даде одговорот.

Мурињо откри дека Марсијал и испраќал фотографии кои ги нарече неприкладни на неговата ќерка која е родена 1996 година како и Марсијал.

„Кога бев во Манчестер Јунајтед се сеќавам дека Ентони Марсијал испраќаше чудни и неприкладни фотографии на мојата ќерка. Ја побарав неговата мајка и и кажав што се случува. Набрзо се беше решено“, откри Мурињо.

После Мурињо на „Олд Трафорд“ пристигна Оле Гунар Солскјер кај кого Марсијал имаше значително подобра минутажа, но баш и не се прослави со своите настапи. Сега кога Рагник е тренер Марсијал е пред заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погреши ли ВАР со голот на Бензема?

На полувремето во Париз помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид нема голови, најинтересниот момент с…