Дома Фудбал Англија Мурињо: Катастрофа! Ако Сити е невин тогаш…

Мурињо: Катастрофа! Ако Сити е невин тогаш…

Жозе Мурињо ја прокоментира одлуката на Судот за спортска арбитража да ја укине казната на Манчестер Сити и забраната за настап во Европа од две години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Специјалниот“ жестоко распали по таквата одлука и јавно изјави дека не верува во невиноста на Манчестер Сити.

„Одлуката е срамна. Доколку Сити не е виновен, зошто ги казнуваат со 10 милиони? Штом не се виновни, нема потреба за парична казна. Од друга страна, ако се виновни, одлуката повторно е срамна бидејќи треба да им се забрани настап. Во секој случај, одлуката е катастрофална“, изјави Мурињо.

„Не велам дека Манчестер Сити е виновен. Едноставно валам дека ако не се виновни, не треба да платат. Знам дека парите не им се проблем, но штом не се виновни, не треба да платат ниту една фунта“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ

Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешнат…