Дома Топ вести Мурињо и Венгер се „тепаат“ за играч на Атлетико!

Мурињо и Венгер се „тепаат“ за играч на Атлетико!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е сериозно заинтересиран за ангажман на централниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Хозе Гименез.

Гименез оваа сезона го загуби местото во стартниот тим бидејќи Диего Симеоне повеќе му верува на тандемот Годин – Савиќ, па многу европски гиганти се интересираат за младиот Уругваец.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „топчиите“ ќе мора да подготват 60 милиони евра за 21-годишниот фудбалер, за кого се интересира и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.

Договорот на Гименез со „јорганџиите“ истекува во 2018 година, а неговата откупна клаузула изнесува точно 60 милиони евра.

Медиумите на Островот се сигурни дека следното лето многу европски гиганти ќе се „тепаат“ за неговиот потпис, а најсериозни кандидати се секако Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Челзи на лето следи голема распродажба: На трансфер листата седум фудбалери

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Англискиот гигант Че…