Дома Фудбал Англија Мурињо за Погба: Морам да признаам, беше најдобар

Мурињо за Погба: Морам да признаам, беше најдобар

Тренерот на Манчестер Јунајтед беше задоволен по победата на неговиот тим во вчерашниот натпревар против Бурнемоут во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ славеа рутинска победа од 0:2, а Мурињо после натпреварот истакна дека Пол Погба бил најдобар поединец на овој натпревар.

„Не сум љубител на наградите за најдобар играч на натпреварот, бидејќи јас водам тим, а не поединци. Меѓутоа морам да признаам дека Погба денес навистина беше најдобар. Против Манчестер Сити беше одличен, но сега беше многу многу добар“, порача Мурињо.

Да потсетиме францускиот играч за врска до неодамна беше во немилост на Жозе Мурињо кој во некои од клучните натпревари го оставеше на клупата за резерви, но изгледа дека Погба сега ситуацијата ја свртел во своја корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …