Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Мурињо ги пофали „коцкестите“: Ова е нешто величенствено!

Мурињо ги пофали „коцкестите“: Ова е нешто величенствено!

0

Хрватската репрезентација го приреди најпријатното изненадување на овој Мундијал и се пласираше во финалето.

Светските медиуми имаат само комплименти за „коцкестите“ после победата над Англија и пласманот во финалето.

Свој коментар даде и еден од најдобрите трениери на денешницата, Жозе Мурињо кој испехот на Хрватска го опиша како „нешто величенствено“.

„Ова е голем успех за земја во која домашното првенство не е толку силно и каде најголемиот дел од играчите играат во странство, зотшто кога работите надвор од својата земја се чувствувате поинаку. За сите тие кои ја однесоа Хрватска во финале ова е нешто величенствено“, рече Мурињо.

Португалецот потоа ги утеши Англичаните и даде оптимистичка изјава за Гордиот Албион.

„Англија има причина да плаче, бидејќи беше многу близу до финале, но исто така има причина да бидат и оптимисти. Екипата многу напредуваше во текот на натпреварувањето. Се работи за млад тим и голем дел од нив ќе играат на наредните првенства со повеќе искуство од своите клубови и имаат причина да се вратат дома горди“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Бензема му одговори на Де Лаурентис: Уште еден лудак!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис денес ги демантираше шпекуалциите дека клубо…