Дома Фудбал Останато Мурињо: Вистината за Азар? Неверојатен играч, но ужасно тренира

Мурињо: Вистината за Азар? Неверојатен играч, но ужасно тренира

Еден Азар беше еден од најдобрите фудбалери во светот, но откако направи трансфер во Реал Мадрид неговата кариера тргна во надолна линија.

Во последните две сезони Азар се мачи со повреди, а кога е на терен, тој е само бледа сенка на играчот кој го гледавме во Челзи.

Жозе Мурињо ја откри вистината за Азар и тврди дека тој е неверојатен играч, но проблем е што ужасно лошо тренира.

„Вистината за Еден Азар? Вистината е дека е неверојатен играч е, но ужасно тренира. Може само да се замисли каков фудбалер ќе беше ако имаше професионален пристап кон тренинзите. Еден е прекрасен и семеен човек. Не изгледа како фудбалер од актуелната генерација. Тивок е и целосно фокусиран на своите најмили, децата и родителите. Живее многу мирен живот. Но, секое утро излегува на теренот и… не работи многу“, откри Мурињо.

„Она што го гледате од него на теренот е само одраз на неговиот талент, а не на неговата работа. Кога станува згор за подготовките, кондицијата, брзината, тоа би можело да биде многу подобро. Во Реал е повеќе повреден отколку во Челзи. Таму западна во така негативна спирала на повреди и веројатно тоа ќе има влијание на неговата кариера“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…