Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“: Барселона договори трансфер од 75 милиони евра

„Мундо Депортиво“: Барселона договори трансфер од 75 милиони евра

0

Според информациите на „Мундо Депортиво“ Барселона го договорила трансферот на еден од најталентираните фудбалери во овој момент во Европа, Франк Де Јонг.

Голем интерес влаадее ширум светот во последно време за суперталентираниот фудбалер на Ајакс. Неодамна холандски „Де Телеграф“ пренесуваше дека ќе премине во ПСЖ, но сега

Шпанците имаат поинакви информации и тврдат дека желбата на играчот била пресудна.

„Мундо Депортиво“ го тврди следново – Франк Де Јонг сака само во Барселона и Каталонците прифатиле да ја платат сумата од 75 милиони евра (изедначена со онаа на ПСЖ), па фудбалерот ќе заврши на „Камп Ноу“.


Следете го Sportski.mk и на


Но, Ајакс и Барселона постигнале договор овој трансфер да биде реализиран на лето.

Останува времето да покаже кој е во право – „Де Телеграф“ или „Мундо Депортиво“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Унаи Емери го добива посакуваното засилување!

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од транс…