Дома Моторспорт Мото ГП: Откажани вкупно седум трки

Мото ГП: Откажани вкупно седум трки

Поради пандемијата со коронавирусот откажани се Мото ГП трките во Италија и Каталонија.

Според планот, во Италија требаше да се вози од 29. до 31. мај, а во Каталонија од 5. до 7. јуни, но беше јасно дека тоа ќе биде невозможно.

Мото ГП соошти дека поради пандемијата се откажани двете трки, а за сега не е можно да се одредат новите термини.

Како што сега стојат работите, сезоната нема да започне ни по средината на јуни, а требаше да почне на 8. март со трката во Катар.

До сега се откажани вкупно седум трки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тежок пад на Бањаја во Катар: Спринтот запрен, Италијанецот однесен на прегледи

Судирот со Фермин Алдегер го исфрли Пеко Бањаја од мотоциклот и предизвика прекин на сприн…