Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Јувентус ова лето ќе биде засилување во нападот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алваро Мората е на позајмица од Атлетико Мадрид и како што стојат работите нема да биде откупен бидејќи „бјанконерите“ не сакаат да доплатат додатни 40 милиони евра.
Прва трансфер цел на „старата дама“ е Аркадиуш Милик, кој во јануари се пресели во од Наполи во Марсеј.
Меѓутоа, „Екип“ открива дека во договорот на Милик постои откупна клаузула од само 12 милиони евра, доколку Марсеј не избори пласман во ЛШ.
Со оглед дека ќе се прави ремонт во екипата на Јувентус, доаѓањето на Милик за само 12 милиони евра се смета добар потег на „старата дама“.