Дома Топ вести Мората се враќа во Атлетико, Јувентус тргнува по Бензема

Мората се враќа во Атлетико, Јувентус тргнува по Бензема

Јувентус минатото лето го донесе Алваро Мората на едногодишна позајмица од Атлетико Мадрид, а во договорот потои опција за откуп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ за позајмицата на Мората плати 10 милиони евра, но за целосен откуп ќе треба да плати уште 45 милиони евра, а во моментов не е спремна да ја искористи таа опција.

Раководството на Јувентус на лето најверојатно ќе го врати Мората во Атлетико, а примарна трансфер цел ќе биде напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Реал е во потрага по нов напаѓач како Халанд и Хари Кејн, па Јувентус ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го доведе Французинот.

„Бјанконерите“ се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис, па останува да се види каков ќе биде одговорот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…