Дома Фудбал Останато Мората открива – Би се вратил ли во Реал Мадрид?

Мората открива – Би се вратил ли во Реал Мадрид?

Шпанскиот напаѓач од редовите на Челзи, Алваро Мората, во интервју за шпански „АС“ зборуваше за своите планови во иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алваро Мората ова лето од редовите на Реал Мадрид, премина во Челзи, а сега беше запрашан дали еден ден би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“.

„Се разбира дека би можел да се вратам, Реал Мадрид е еден од најголемите клубови. Но, сепак тоа би се случило доколку освојвам се со Челзи, сакам да оставам длабока трага во овој клуб“, изјави Мората.

„Навистина е тешко да се одбие Реал Мадрид, посебно доколку си навивач на тој тим. Во овој момент не сакам да гледам толку далеку, за мене е важно што јас сега се чуствувам одлично во Лондон“.

„Доколку се сретнеме со Реал Мадрид во Лигата на шампионите? Секако, дека би сакал да победам. Јас сум подготвен за големи натпревари“, заврши Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погледнете како Хааланд му се потсмеа на Руни и го потсети на даденото ветување (Видео)

Ерликнг Халанд пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија испрати шеговита …