Дома Фудбал Италија Монтела доби рок – следните 4 меча ќе ја одлучат неговата судбина

Монтела доби рок – следните 4 меча ќе ја одлучат неговата судбина

Милан иако донесе големи засилувања ова лето многу лошо ја започна сезоната, па почна да се тресе клупата на Винченцо Монтела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако долго време се шпекулира дека Монтела ќе добие отказ тој „преживеа“ и после поразот во градското дерби, но медиумите тврдат дека следните четири меча ќе бидат пресудни за неговата иднина на „Сан Сиро“.

„Газета дело Спорт“ направи анализа и смета дека новите засилување не го даваат својот максимум токму поради стилот на игра на Монтела.

Леонардо Бонучи е непрепознатлив и игра многу лошо, додека Франк Кеси нема дефинирана улога во средниот ред.

Во следните четири натпревари Милан игра со Џенова, Киево, Јувентус и Сасуоло па доколку има позитивни резултати Монтела ќе остане на клупата, во спротивно ќе добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…