Фудбалерите на Монако со победа стартуваа во новата сезона од Лига 1. Кнежевите како гости во првото коло славеа над Нант со 1:3.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Одличен меч е виден и од обете страни. Нант во првото полувреме беше пококретен, имаше неколку добри шанси, но мрежите по првите 45 минути мируваа.
Сите погодоци во овој меч паднаа во последните 20 минути од мечот, а Монако на крајот поприлично ја наполни мрежата на домашната екипа.
Серијата голови во 69. минута ја отвори Рони Лопез со 0:1, а Нант потоа го довршија Јоветиќ во 80. и Фалкао во 83. минута, за убедливи 0:3.
Конечните 1:3 ги постави Сала во втората минута од судиското продолжение.