Дома Фудбал Италија Моис Кин денес е играч на Јувентус благодарение на ветени два трактори!?

Моис Кин денес е играч на Јувентус благодарение на ветени два трактори!?

0

Таткото на италијанскиот напаѓач Моис Кин тврди дека Јувентус му должи два трактори.

19 годишниот напаѓач на италијанската репрезентација ги помина младинските селекции на Јувентус и од него се очекува во иднина да стане голем играч, иако веќе сега блесна на големата сцена.

Мајката на Кин вчера раскажуваше за раѓањето на Кин и моментот кога и кажал дека повеќе не треба да работи затоа што потпишал договор со Јувентус. Денес во јавноста зборуваше неговиот татко.

Му благодарам на Бог, бидејќи тоа е голема радост за целото семејство“, изјави Биро Жан Кин за „Раи Радио 1“ и продолжи:

„Нема да бидам на стадион вечерва со Лихтенштајн, но ќе го гледам натпреварот во бар со своите пријатели. Моис навиваше за Интер како дете бидејќи го сакаше Обафеми Мартинс и секогаш ми бараше да му купам дрес од него. Играше за Торино, но јас го испратив во Јуве затоа што сум навивач на Јувентус“.

„Многу сум среќен поради него, дури иако имам проблем со Јувентус. Нема да ми дадат повеќе влезници за на стадион. Се одвоив од мајката на Кин и таа во минатото сакаше да ги одведе децата во Англија. Му ветив на Јувентус дека ќе им помогнам да го задржиме во Италија, но за возврат побарав два трактори. Ми кажаа дека тоа нема да биде проблем, но јас сеуште не си го добив ветеното“, откри таткото на фудбалерот.

Денес идол на Кин е Марио Балотели.

„Марио Балотели сега е негов омилен играч. Сепак, јас му потенцирав дека не треба Балотели да му биде пример за се“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кутињо се запиша во историја: Ова им успеало само на пет фудбалери!

Најголемото засилување на Баерн Минхен, Филипе Кутињо пружи одлична партија во победата на…