Дома Фудбал Англија Може ли Мане да стане вториот Африканец со „Златна топка“?

Може ли Мане да стане вториот Африканец со „Златна топка“?

Остануваат уште доста месеци до крајот на годината и до доделувањето на „Златната топка“, но по традиција ова време веќе се кристализираат фаворитите за оваа престижна награда.

Крајот на клупската сезона и натпреварите со националните тимови даваат јасна слика за тоа кои се фаворити за освојување на „Златната топка“.

Садио Мане е меѓу неочекуваните кандидати за овој индивидуален трофеј после одличната сезона со Ливерпул и фантастичните игри со Сенегал на Купот на африкански нации.

Алжирецот оваа сезона постигна 26 гола на 50 меча за „црвените“, ја освои Лигата на шампиони, во Премиер лигата беше на еден бод до титулата, а со репрезентацијата стигна до финалето на Купот на африкански нации.

Мане може да ставе само вториот Африканец кој ја освоил „Златната топка“ после Жорж Веа, а главни ривали во трката ќе му бидат неговите соиграчи Ван Дајк и Мохамед Салах.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рекоба: Барселона сакаше да ме доведе во 2002 или 2003 година

Поранешниот играч на Интер Алваро Рекоба во интервју за шпанска „Марка“ откри некои детали…