Дома Трансфер зона Може ли Винисиус да го напушти Реал Мадрид? Три гиганти се спремни да понудат 200 милиони евра!

Може ли Винисиус да го напушти Реал Мадрид? Три гиганти се спремни да понудат 200 милиони евра!

Винисиус Жуниор би можел да одлучи да го напушти Реал Мадрид и шпанското првенство на крајот на сезоната, каде навивачите на ривалските клубови постојано го навредуваат на расна основа, пишуваат шпанските медиуми.

Според последните информации кои се пренесуваат во Шпанија три клуба се спремни да понудата сума од 200 милиони евра. Станува зор за ПСЖ, Ливерпул и Челзи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал засега наводно не сака да го напушти клубот и верува дека тоа би било победа на расизмот, но постои можност тоа да го направи поради евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе.

Иако шпанските медиуми не се согласуваат околу тоа, се споменува како можност околу која останатите гиганти ги прават своите планови за следната сезона.

На 28 натпревари оваа сезона, Винисиус постигна 18 и асистираше осум гола. Вкупо Бразилецот постигна 77 гола и додаде 72 асистенции на 253 натпревари. Тој е под договор со Реал до летото 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Брујне може да си оди, Гвардиола ја наде замената

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …