Дома Фудбал Лига на шампиони Можен скандал: Директор на УЕФА ги откри паровите на ждрепката во ЛШ?! (ФОТО)

Можен скандал: Директор на УЕФА ги откри паровите на ждрепката во ЛШ?! (ФОТО)

1

Денес во 12:00 часот во Нион ќе биде извлечена ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Меѓутоа вчеравечер се појави една фотографија која предизвика бура од реакции во јавноста. Имено, еден од директорите на УЕФА објави фотографија со лист на кои се гледаа паровите, но истата брзо беше избришана.

Против кого ќе играат денес ќе дознаат екипите на: Јувентус, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Ајакс и Порто.

Според фотографијата најсреќен ждреб ќе има тимот на Јувентус кој во оваа конкуренција би го добил Порто, најспектакуларен натпревар би бил оној помеѓу Барселона и Манчестер Сити, Ливерпул го доби Ајакс, додека англиските Манчестер Јунајтед и Тотенхем би ги одмериле силите меѓу себе.

Доколку паровите денес и по некоја случајност бидат исти како овие на листот тогаш тоа ќе биде скандал од огромни размери и УЕФА одново ќе биде на жесток удар од фудбалската јавност.

Инаку, треба да се истакне дека оваа година за прв пат на една ждрепка во Лигата на шампионите ќе бидат одредени потенцијалните противници и за полуфиналето. Ќе потсетиме, досега во најелитното европско натпреварување се влечеше ждрепка за секоја фаза посебно.

Ова не е прв пат еден ждреб на УЕФА да го пратат скандали се сеќаваме и во претходните години за видеата кои се појавуваа за манипулации со топчињата.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо се пофали: Шампион во Англија, Шпанија и Италија…

Со натпреварите кои се играат во сабота и недела завршува уште една сезона во Серија А. Во…