Дома Останати Можеби е арогантен, но покажа и срце: И Конор донираше милион евра!

Можеби е арогантен, но покажа и срце: И Конор донираше милион евра!

Спортистите ширум светот донираат пари во своите земји во борбата против коронавирусот, а сега на таа акција се приклучи и ирскиот борец, Конор Мекгрегор.

Мекгрегор важи за арогантен и човек кој не бира зборов, но сега ја покажа и својата добра страна.

Ирецот прво повика на изолација во борба против вирусот.

„Разговараме за целосна изолација и мислам дека тоа е потребно. Ве повикувам на оваа борба. Вистинска изолација мора да започне и тоа сега. Иднината на Ирска зависи од овој потег!“, повика Конор.

Но, не остана само на зборови.

Конор донираше медицинска опрема во вредност од милион евра за сите болници кои се во регионот Леинстер, регион кој во Ирска има најмнгоу заразени. Според последните бројки во Ирска има заразени 1329 луѓе, а седум починаа.

Инаку претходно по милион евра донираа Пеп Гвардиола, Роналдо и Меси, додека Федерер во Швајцарија донираше милион франци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тајсон раскажа како нудел 10.000 долари за да нокаутира горила

Majк Тајсон светската слава ја стекна кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите на мина…