Дома Фудбал Репрезентации Модриќ за судијата: Го знам, навикнат сум на него…

Модриќ за судијата: Го знам, навикнат сум на него…

Репрезентацијата на Хрватска ремизираше во натпреварот против Полска од Лигата на Нации 3:3, а по натпреварот Лука Модриќ беше запрашан за судењето.

Полска успеа да се врати во натпреварот во последните 20 минути кога постигна два гола по исклучувањето на Домоник Ливаковиќ.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во јавноста се коментираше судењето на Шпанецот Ернандез Ернандез, а Модриќ вели дека е навикнат на него од Шпанија.

„Не сакам да зборувам за судиите, Ливаковиќ ја изгуби топката и можеби го удри играчот, но за мене тоа не е црвен картон. Но, имаше многу ситуации во кои судијата можеше подобро да суди. Го знам од Ла Лига, се навикнав на него. Нема смисла да трошам зборови на судиите“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јамал денеска испиша историја во Ла Лига – постави нов рекорд!

Фудбалерите на Барселона го совладаа Виљареал на „Камп Ноу“ со резултат 4:1 во дербито на …