Дома Фудбал Модриќ го шокирал Анчелоти: Лука не се шегувај

Модриќ го шокирал Анчелоти: Лука не се шегувај

Лука Модриќ одигра уште еден одличен Мундијал со хрватската репрезентација и дојде до бронзениот медал.

Модриќ вчера со остатокот од репрезентацијата се врати во Хрватска, а шпанските медиуми кои се блиски до Реал Мадрид пишуваат дека веднаш му се јавил на Карло Анчелоти.

Притоа, Модриќ му се понудил на Анчелоти да игра на 30 декември во натпреварот против Ваљадолид.

Весникот „Дифеса Централ“ пишува дека Анчелоти останал шокиран и му се обратил со зборовите: „Лука немој да се шегуваш со мене, го одигра целото Светско првенство, одмори се“.

Модриќ ќе добие неколку слободни денови и потоа ќе му се приклучи на Реал Мадрид, околу Нова Година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…