Дома Фудбал Модриќ го известил Реал дека сака да остане во клубот

Модриќ го известил Реал дека сака да остане во клубот

Лука Модриќ еден од најзаслужните фудбалери на Реал Мадрид за петте титули во Лигата на шампионите и новото финале што годинава ќе го играат против Борусија Дортмунд во Лондон на 1 јуни.

Иако беше речиси сигурно дека на крајот од сезоната ќе заврши неговиот 12-годишен период во Мадрид и дека најверојатно Хрватот кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, сега дојде до пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Модриќ ги известил првите луѓе на „кралскиот“ клуб дека посакува да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Модриќ исто така веќе одби две понуди и сега на потег е шпанскиот великан. Капитенот на хрватската репрезентација веќе извесно време добива едногодишен договор, што е пракса во Реал со повозрасни играчи.

Така, неодамна беше продолжен договорот со Тони Крос, а судејќи по настапите на Модриќ, не е исклучено тој да остане и да биде во улога на „џокер“ кој секогаш може со потег да го смени натпреварот од клупата, како што беше случајот во полуфиналето против Баерн во реваншот во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…