Дома Фудбал МНОГУ МОЌНО: Италијанските медиуми открија како ќе изгледа составот на Јувентус

МНОГУ МОЌНО: Италијанските медиуми открија како ќе изгледа составот на Јувентус

Актуелниот шампион на Италија, Јувентус денеска ќе ја отвори новата сезона во Серија А, а во рамките на првото коло избраниците на Масимилијано Алегри играат на гостувањето против Киево.

Со големо нетрпение се очекува почетокот на Серија А, а се од моментот кога Кристиано Роналдо потпиша за Јувентус. Португалецот по девет години го напушти Реал Мадрид и одлучи Јуве да биде неговиот нов предизвик во кариерата.

„Старата дама“ денеска игра во Верона против Киево и јасно дека ќе сака со победа да ја отвори новата сезона. Роналдо е во центарот на вниманието, бидејќи многумина се радуваат на неговото деби и сега веќе јасно е дека на теренот ќе биде од првата минута. Според пишувањето на италијанските медиуми вака ќе изгледа составот на Јуве:

Шчезни, Кансело, Бонучи, Киелини, Алекс Сандро, Кедира, Пјаниќ, Бернандески, Даглас Коста, Диабала, Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…