Дома Фудбал Младите Португалци немаа милост: Го победија Лихтенштајн со 11:0 🎥

Младите Португалци немаа милост: Го победија Лихтенштајн со 11:0 🎥

Младата фудбалска репрезентација на Португалија вчера во квалификациски натпревар за Европското првенство го победи Лихтенштајн со резултат 11:0.

У21 селекцијата на Португалија немаше милост кон слабиот противник и уште во првото полувреме гостите им дадоа девет гола. Започна се во деветата минута кога Нуно Тавараше погоди за 1:0, три минути подоцна Алмеида зголеми на 2:0. Гончало Рамос во 12. минута стрелаше за 3:0, Фабио Силва во наредниот напад го постигна четвртиот гол, а до 25. минута Рамос постигна уште два гол за 6:0.

Виеира во 37. минута користи пенал за 7:0. До хет-трик стигна многу брзо Рамос за 8:0, конечните 9:0 во првото полувреме ги постави Фабио Силва во 44. минута.

Во второто полувреме Португалија сепак подзастана и преку Томас и Консесиа постигнаа само уште два гола за 11:0. Интересно е што на семафорот во Визел не можеше да се запише конечниот резултат, па се бараа алтернативни решенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…