Голден Арт КЛ7 со минимален пораз ги стратуваше серијата подготвителни натпревари за престојната сезона.
Во салата „Тодор Александров”, која веќе втора година е база на нашите ракометари во Охрид, противник на нашиот тим беше поискусната екипа на Еурофарм Пелистер 2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот во целиот свој тек беше неизвесен, и ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. На полувремето биолчани имаа предност од 12:11, а крајниот резултат гласеше 21:23 за Еурофарм Пелистер.
Имајќи предвид дека се работеше за подготвителен натпревар, двајцата тренери, Бошковски и Јовиќ, дадоа можност за воигрување на повеќе ракометари од своите редови. Кај Голден Арт КЛ7 поради повреди не настапија Никола Цветаноски, Емилијан Ѓорговски и Андре Буторац, но и без нив нашиот тим одигра солиден подготвителен натпревар.