Дома Македонски спорт Мак фудбал Младеновски го „реши“ Работнички, Шкупи е последниот полуфиналист во Купот на Македонија

Младеновски го „реши“ Работнички, Шкупи е последниот полуфиналист во Купот на Македонија

Попладнево на теренот на ФФМ се одигра и последниот натпревар од четвртфиналето на Купот на Македонија, а место во полуфиналето обезбеди Шкупи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шкупи со 1:0 беше подобар од Работнички во средбата која поради дождот во Маџари не се одигра вчера. Доминираа чаирчани во првото полувреме, имаа три голами шанси за водство, а една искористи дефанзивецот Младеновски.

Младеновски со глава ја затресе мрежата и тој негов гол се покажа како одлучувачки.

Напаѓаше Работнички во вториот, создаде неколку добри прилики, но реализацијата изостана.

Во натпреварите вчера пласман во полуфиналето обезбедија: Тиквеш, Воска и Македонија Ѓорче Петров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…